Intel го презема Mobileye за 15,3 милијарди долари

20

intel

Фото: Facebook

Американската технолошка компанија, Intel објави дека за 15,3 милијарди долари го купуваа израелскиот Mobileye, а со оваа аквизиција на голема врата влегува во сегментот на автономни автомобили, пишува BBC.

Intel ќе плати 63,54 долари по акција за израелската компанија што развива технологија за автономно возење.

Mobileye и Intel веќе соработуваа заедно со германскиот производител на автомобили BMW, на развој на автономни возила што ќе се тестираат во втората половина од оваа година. Од Intel очекуваат пазарот на самоуправувачки автомобили да достигне вредност од 70 милијарди долари до 2030 година.