Intel го презема стартапот Nervana

31

Screen-Shot-2016-08-08-at-12.16.04-PM

ИТ компанијата Intel ќе го преземе стартапот Nervana, со што сака да ја зајакне својата позиција во областа на вештачката интелигенција.

“Отсекогаш сме биле компанија водена од мисија. И покрај тоа што веќе нема да бидеме старт-ап, нашата мисија нема да се смени. Комбинацијата на технологијата и експертизата на Nervana со портфолиото на Intel ќе го однесе “длабокото учење” (deep learning) и вештачката интелигенција на следното ниво”, вели во соопштението извршниот директор и коосновач на Nervana, Навен Рао.

Nervana ќе остане да функционира во своето седиште во Сан Диего.