Американскиот технолошки гигант, Intel ќе инвестира 20 милијарди долари во изградба на две фабрики за чипови во Аризона, а планира и нови погони во Европа, изјави новиот извршен директор, Пет Гелсингер.
Intel е меѓу ретките компании што сами си произведуваат полуспроводници и проектираат и произведуваат сопствени чипови. Конкурентите како што Qualcomm и Apple производството на чипови им го препуштаат на производителите, пренесува Ројтерс.
Гелсингер нагласува дека Intel “во целост ги решил“ потешкотиите со најновата производна технологија, а системо ќе биде спремен за производство до 2023 година.
Планирано е големо проширување на производството, што вклучува 20 милијарди долари инвестиции во две фабрики во Аризона, како и на други локации во САД и Европа.
Фото: Intel.com