Интел отвора фабрика за микрочипови во Полска

Производителот на микрочипови Интел во петокот објави дека ќе отвори нов објект од 4,6 милијарди евра во Полска за да го зголеми капацитетот на компанијата во Европа.
Американската компанија избра локација во близина на градот Вроцлав во југозападна Полска, а фабриката треба да започне со работа во 2027 година.

Компанијата минатата година објави дека Полска е меѓу земјите кои ќе имаат корист од инвестицискиот план на компанијата, кој се проценува на 33 милијарди евра, а преку кој се планирани инвестиции во капацитети во Германија, Ирска, Италија, Шпанија и Франција.

„Фабриката во Вроцлав, која се очекува да отвори 2.000 работни места, тесно ќе соработува со најсовремената фабрика за производство на микрочипови на Интел во Магдебург, Германија“, пренесува СЕЕбиз.