Интелигенцијата е преценета, вистинските вредности потребни за успех се…

102

um

Фото: Pixabay

Според истражувањата на Carnegie Institute of Technology, 85% од вашиот финансиски успех се должи на вештините на “човечкиот инженеринг”, односно вашиот карактер, способноста за комуникација и лидерство.

Имајќи го ова во предвид, наместо исклучиво да се фокусирате на конвенционалната инелигенција IQ, направете напор да ги зајакнете емоционалната, моралната и телесната интелигенција.

Емоционална Интелигенција

EQ, емоционалната интелигенција накратко кажано е: свесност за сопствените чувства и за чувствата на другите. Способност да ги регулирате како сопствените, така и туѓите чувства во согласност со наложената ситуација, сопствената мотивација и при градењето на врските со луѓето.

Морална Интелигенција

MQ, моралната интелигенција е директно поврзана со емоционалната. Нејзино поле на дејствување се: интегритетот, одговорноста, сочуството и прошката. Од начинот како вие се однесувате спрема себе, зависи како ќе се однесуваат и другите спрема вас. Да се биде доследен на работите, да се одржи интегритетот и искреноста се клучните вредноста на моралната интелигенција.

Телесна Интелигенција

Овој вид на интелигенција или BQ, го рефлектира она што го знаете за вашето тело, како се чувствувате во врска со тоа и како се грижите за него. Дали ги слушате сигналите што тоа ви ги испраќа, или постојано ги ингорирате? Дали доволно одмарате? Дали вежбате? Ако ви се чини дека овие нешта не се поврзани со работата, се лажете. Телесната интелигенција во голема мера влијае на вашиот професионален живот, таа ги одредува вашите чувства, мисли, самодовербата, состојбата на умот и нивото на енергија.

Затоа не се обесхрабрувајте доколку немате диплома од некој престижен универзитет. Личност со помал степен на образование, но со целосно развиени EQ, MQ, и BQ може да биде многу поуспешна од личност која поседува импресивно образование, но не е во можност да ги имплементира емоционалната, моралната и телесната интелигенција во разните животни ситуации.