Интересни бизнис факти

38

Сигурно не сте знаеле дека…

fb

Ако додадете /4 на почетната страна на Facebook, ќе пристапите до профилот на Марк Цукерберг.

Масичките во Starbucks биле специјално креирани во кружна форма за клиентите да се чувствуваат помалку осамени.

Retina дисплејот на iPad-от на Apple го произведува Samsung.

Логото на Coca-Cola го препознаваат дури 94% од светската популација.

Житарките се втори по рекламирање на телевизија во светот, по автомобилите.

Google првично беше наречен BackRub.

Сè што ќе и кажете на Siri (гласовната команда на iPhone), се испраќа во Apple, се анализира и се зачувува.

Најпродуктивен ден од работната недела е вторник.

Warner Music ги поседува правата над добро позната Happy Birthday, па технички секој што ќе ја пее на родендени им станува “должник”.

Првиот производ на менито на McDonald’s беше хот дог.

Актерот кој беше препознатливо лице на рекламите за Marlboro почина од рак на белите дробови.

Повеќе луѓе во светот имаат мобилни телефони отколку тоалети.

Роберт Чесбро, пронаоѓачот на вазелинот, јадел една полна лажица од масната материја секое утро.

Facebook е примарно син затоа што Цукерберг не може да ги разликува зелената и црвената боја.

Victoria’s Secret е најмногу следен бренд на Instagram.

Рубиковата коцка е најпродаваниот производ на сите времиња, веднаш зад него е iPhone-от.