Интересни факти поврзани за Октоберфест

184

Германскиот град Минхен од 1810 година е домаќин на еден од најголемите настани во светот, во чиј епицентар е пивото. Трае 16 дена, од крајот на септември до почетокот на октомври секоја година. Оваа година започна на 21-ви септември, а ќе заврши на шести октомври.

Првиот Октоберфест е одржан во 1810 година во чест на принцот Лудвиг. Оттогаш овој фестивал на пивото се одржува секоја година, освен во периодот од 1854-та до 1873-та година поради голема епидемија на колера, како и во периодот на двете светски војни.

Традиционално, Октоберфест се смета за отворен со отворање на првото буре со пиво со извикот O’zapft is, што во превод значи Отворено е.

Градот Минхен благодарение на Октоберфест генерираше минатата година генерираше приходи во висина од 1,2 милијарди евра.

Околу шест милиони гости од целиот свет секоја година доаѓаат во Минхен на овој познат фестивал на којшто се слави пивото. Минатата година на Октоберфест присуствуваа 7,2 милиони луѓе.

Во Минхен има околу 450 хотели, што нудат сместување за околу 80.000 гости. За време на викендите, кога се одржува Октоберфест, тие се целосно резервирани.

Според The Local.de, благодарение на овој настан, се ангажираат 13.000 работници.

Ако некој сака да работи како келнер, ќе мора да има силни раце и нозе. Полните кригли со пиво тежат до 30 килограми, а келнерите во просек поминуваат по 20 километри дневно.

Според официјалните податоци, лани се биле испиени околу 6,9 милиони литри пиво, скоро 300.000 литри кафе и чај, 1,1 милион литри вода и лимонади.

Од настаните се собираат околу 1.000 тони ѓубре секоја година.

Секоја година, посетителите на Октоберфест губат околу 4.500 предмети, од нив најчесто облека, лични карти, паричници, очила, клучеви, мобилни телефони, чадори…

Фото: Pixabay