Интересни факти за 29 февруари

356

29-ти февруари е интересен и несекојдневен датум, бидејќи на календарот го среќаваме една на четири години. Целта на престапната година е да помогне во прилагодување на грегоријанскиот календар со соларниот и да се овозможат некои важни настани, како што е пролетната рамноденица, да се случуваат “на време“.Низ историјата овој датум има различни значења и со овој ден се поврзани неколку интересни занимливости.

Во Ирска на овој ден им било дозволено на жените да ги запросуваат мажите. Традицијата прва ја почнала кралицата Маргарита од Шкотска во 1288 година.

Околу пет милиони луѓе ширум светот се родени на овој ден, па својот роденден можат да го слават или на 28-ми февруари или на први март, кога годината не е престапна.

Во САД живеат помалку од 200.000 лица родени на овој ден.

Веројатноста некое дете да се роди на овој датум е 1:1.500.

Две жени од два различни краја на светот на овој ден родиле по три деца: првата е во Норвешка и се породила на 29-ти февруари во 1960-та, 1964-та и 1968-ма година, додека втората доаѓа од САД и своите деца ги родила на 29-ти февруари 2004-та, 2008-ма и 2012-та година.

Во Гинисовата книга на рекорди е запишано семејство од Ирска што има дури три генерации родени на 29-ти февруари. Таткото е роден на 29-ти февруари 1940-та, неговиот син на 29-ти февруари 1964-та година, а внуката на 29-ти 1996-та година.

Во Ирска има закон со којшто сите деца родени на 29-ти февруари добиваат подарок од 100 фунти.

За децата родени на овој датум се верува дека се креативни, способни и посебни на свој начин. Се верува дека таквите деца се многу среќни и поседуваат некој посебен талент.

Ако некое дете е родено на 29-ти февруари во Нов Зеланд, 18-от роденден ќе го прослави на 28-ми февруари, односно од тој момент се смета за полнолетен, додека во Велика Британија полнолетството ќе му почне на први март.

Во Русија се верува дека престапната година носи многу неповолни временски услови.

Во Тајван, мажените ќерки на овој ден се враќаат во домот, бидејќи се верува дека лунарната месечина може на родителите да им донесе лошо здравје, па затоа треба нивните ќерки да бидат присутни во домот за да им донесат здравје и среќа.

Први во светот што додавале по еден ден во календарот на секои четири години биле Еѓипќаните кои на овој начин ја урамнотежувале календарската и сончевата година

Се верува дека на денешен ден не треба да се сади овошје, бидејќи тоа ќе раѓа плодови секоја втора или секоја четврта година.

Грците, но и кај нас, постои верување дека престапната година носи лоша среќа за двојките, па им се советувало да ја избегнуваат оваа година за склучување брак.

Како може да се препознае дали една година е престапна или не? Тоа се постигнува на лесен начин, ако последните две цифри од годината се деливи со четири, тогаш годината е престапна. Единствено, годините што означуваат крај на векот се исклучок од оваа правило, тие мора да бидат деливи со 400 за да бидат престапна година. Па така, 2000-та и 2400-та се престапни години, но 2100-та нема да биде.

Некои трговци го користат овој ден за големи попусти.

Фото: Pixabay