Интересни факти за iPhone 6, што треба да се појави во септември на пазарот

46

Американската технолошка компанија Apple најверојатно на деветти септември ќе го претстави новиот модел на iPhone 6, пренесуваат светските медиуми.

Порталот Business insider ги открива десетте интересни факти поврзани со најновиот модел на iPhone, а самото претставување ќе покаже дали е навистина така.

Нова апликација – Здравје

 

 

Во оперативниот систем iOS 8 ќе биде вградена апликацијата здравје што ќе ги мери чекорите и калориите, а исто така ќе биде поврзано со останатите фитнес апликации. Освен овие апликации, новата iOS 8 платформа нуди и многу функционалности за камера, пораки, електронска пошта.

Барометар

Може да се случи и iPhone 6 меѓу останатите апликации да има и барометар што ќе ја мери температурата, притисокот на воздухот и други параметри. Доколку тоа е така, iPhone 6 ќе биде првиот паметен телефон со барометар.

Побрзи перформанси и батерија со подолг век

Како што Apple секогаш го усовршува процесорот на мобилниот телефон, чипот што ќе биде вграден во iPhone 6 ќе му даде поголеми и подобри перформанси на телефонот, а на батеријата ќе и го продолжи векот.

Безжично полнење

Иако е малку веројатно, новиот iPhone 6 би можек да се полни безжично.

Три бои

Голем број фотографии се појавија во јавноста, а врз основа на тоа iPhone 6 ќе биде достапен во златна, сребрена и црна варијанта.

Надворешен изглед

Се уште не се знае дали ќе биде потенок од неговиот претходник. Може да се случи да изгледа како петтата генерација на iPod Touch, одошто на iPhone.

Поголем екран

За оние на кои 4,7 инчниот екран не им е доволен, Apple можеби ќе го лансира новиот модел со 5,5 инчен екран. Кружат гласини дека двата модела ќе излезат во исто време.

Поголема резолуција

Освен тоа што екранот ќе биде поголем, со оглед на тоа и резолуцијата и острината на сликата ќе биде поголема.

Непробоен екран

Екранот ќе биде изработен од специјален материјал што му дава флексибилност и отпорност на сите непогоди.

Вибрации

Новата погодност што ќе го олесни пишувањето пораки или пребарувањето е лесната вибрација при внесувањето на бројки и букви, што дава чувство дека навистина внесувате текст.