Интересни факти за паметните телефони…

110

Дали сте знаеле дека…

Во 1994 година IBM продаваше “смартфон“ со екран на допир, преку којшто можеше да се праќаат мејлови.

Во 2008 година многу критичари сметаа дека оперативниот систем Android ќе биде целосна утка. Но, од февруари 2015 година, Android има околу 85% од вкупниот удел на пазарот со смартфони.

Паметните телефони можат да фаќаат FM радио сигнали, но компаниите велат дека побарувачката за оваа услуга не е доволно голема за да ја активираат.

Батеријата на легендарниот Nokia 3310s е три до четири пати послаба од просечните батерии на смартфоните денес.

Дури 47% од младите велат дека намерно го користат смартфонот со цел да избегнат контакт со луѓето околу нив.

Еден просечен корисник го “отклучува“ својот паметен телефон 110 пати на ден, а го проверува 35 пати.

Нашите смартфони се милион пати помоќни од сите компјутери што ги имала NASA во 1969 година.

Повеќе од половина или 65% од корисниците месечно не преземаат ниту една апликација.

Android започна како старт – ап што се обидуваше да создаде оперативен систем што ќе ги користи дигиталните камери коишто имаа пристап до компјутери. Google го купи стартапот во 2005 година.

Најлојални корисниците на брендот се оние на Apple – 92% и корисниците на Samsung телефони – 77%.

Компанијата Cisco ја поседуваше трговската марка за iPhone кога производот беше претставен во 2007 година. Двете компании преговараа со години, но после појавувањето на производот конечно се договорија.

Фото: Pixabay