Интересни факти за Светскиот економски форум во Давос: Кој плаќа билет од 23.000 евра?

Сите очи на светот деновиве се вперени во едно мало село во Швајцарија – Давос, место каде живеат 11.000 жители и кое во последните 50 години секој јануари ја собира економската и политичката елита – светски лидери, шефови на најважните глобални компании, јавни личности…

Иако е познато како одморалиште на Алпите и модерен скијачки центар, сите тие всушност доаѓаат во Давос во јануари на Светскиот економски форум – собир на кој не доаѓате без причина.

10 факти за Давос
Не се вика Давос

Иако сите го нарекуваат Давос, овој јануарски состанок е всушност Светскиот економски форум (СЕФ). Давос е само името на швајцарското планинско одморалиште каде се одржува самитот.

Имаше ситуации кога многумина се обидоа да го користат името Давос за своите настани.

Така, на пример, инвестициската конференција во Саудиска Арабија во 2018 година беше наречена „Давос во пустината“. Тогаш Светскиот економски форум возврати и рече дека ќе ги искористи сите средства за да го заштити брендот Давос од нелегална употреба.

СЕФ исто така има свој јазик

Комплицираниот корпоративен жаргон е белегот на оваа конференција. Она што го велат учесниците може да биде многу мистично дури и за искусен набљудувач на СЕФ.

Дури и темата на секоја конференција е често неразбирлива.

Безбедност

Безбедноста е на многу висок стандард. Снајперисти се распоредени на секој чекор.

Проверката е слична на онаа на аеродромот, само што не летате никаде.

Секогаш кога ќе влезете во конференцискиот центар, треба да го соблечете палтото, да ги скенирате лаптопот и чантата, а потоа повторно да го облечете палтото.

Нема млада публика

На состаноците во Давос не присуствува млада публика, просечната возраст кај мажите е 54, а кај жените 49 години.

Сепак, и овде има исклучоци.

Секој сака бесплатна капа

Иако тука се собираат најмоќните луѓе на планетата, кои имаат милиони долари, на сите им се допаѓа бесплатна сина капа.

Секоја година за учесниците се обезбедуваат сини плетени капи, па тоа стана своевиден заштитен знак на форумот во Давос.

Состаноците можат да доведат до акција

Овој настан се одржува од 1971 година, а беше замислен како место каде што ќе се дискутираат глобалните практики на управување. Основач на форумот е Клаус Шваб.

Денес, СЕФ има поширок опсег на активности, но критичарите тврдат дека тоа е само место каде што се зборува многу. Но, изолираното опкружување на Давос им нуди на политичарите шанса да се сретнат далеку од очите на јавноста.

Само фирмите плаќаат

Единствените учесници во Давос кои плаќаат за присуство се компаниите, додека останатите учесници добиваат покана и со тоа нивното присуство е бесплатно. Надоместокот за фирмите е 23.800 евра по лице. Но, тоа не е се.

Оние кои доаѓаат на форумот мора да бидат членови на Светскиот економски форум. Постојат неколку нивоа на членство, почнувајќи од 60.000 швајцарски франци до огромни 600.000 франци за да имате статус на „стратешки партнер“.

Тоа е скап бизнис и само врвните претставници имаат пристап до приватни состаноци со нивните колеги од индустријата. Добиваат и автомобил и возач додека се таму, па некои сметаат дека цената не е висока.

Пропусниците за конференција се шифрирани во боја

Подобрувањето на нееднаквоста отсекогаш било важна точка за разговор во Давос, но СЕФ има свој систем за нееднаквост кодиран во боја.

Можеби сте на истото место како британскиот принц Вилијам или премиерот на Нов Зеланд, но тешко дека ќе налетате на нив во тоалетот.

Гостите од висок профил добиваат беџ со бел холограм кој им овозможува пристап насекаде, вклучително и специјални состаноци. Постојат различни значки за сопружници и новинари кои нудат различни нивоа на пристап.

Самит за мажи

Најголем дел од учесниците се мажи, па го добиле името „Давос мажи“. Тие се главно богати и моќни кои немаат контакт со реалниот свет.