Интересни факти за вработените

44

Фото: Pixabay

Помалку познати факти низ бројки за односот и мислењата на вработените.

35% од вработените мислат дека нивните работодавци воопшто не се грижат за нив, ни како дел од тимот ни како индивидуалци.

91% од нив велат дека се мотивирани да се покажат во најдобро светло кога ја имаат поддршката од нивниот лидер.

75% велат дека доколку барем еднаш месечно добијат пофалба за сработеното ќе бидат задоволни.

Речиси една третина од вработените попрво би одбрале признание и пофални зборови преку мејл, адресиран до цела компанија, отколку еден просечен бонус.

51% од нив размислуваат да ја напуштат моменталната работа.

Дури 80% од вработените би работеле продолжено работно време доколку имаат претпоставен кој се грижи за нив.

59% од нив велат дека можат “да созреваат и растат професионално“ во компанијата каде што работат.

Дури 90% од лидерите мислат дека вклученоста и оддавањето на признание на вработените влијаат на целокупниот успех на компанијата, но само 25% од нив тоа го прават.

70% од вработените сакаат да поминуваат повеќе време со своите претпоставени.

Поразителни 60% од работниците јадат сами на своето биро и тоа додека работат.