
Неодамна, западните компании сè повеќе се обраќаат кон адвокатски канцеларии со прашања за продолжување на соработката со Русија. Тука спаѓаат трговци со стоки, осигурители и товарни групи. Сите тие, забележуваат изворите, се подготвуваат за евентуално укинување на санкциите на САД против Русија.
Компаниите сега размислуваат како можат да ги структурираат своите операции за да ја продолжат трговијата со руските компании ако САД ги ублажат санкциите кон Москва, но ограничувањата на ЕУ и Велика Британија остануваат на сила, велат правните советници, објави „Комерсант“, цитирајќи го „Фајненшл тајмс“.
Даниел Мартин, партнер и специјалист за санкции во адвокатската фирма HFW, забележува дека историски западните компании се прилагодиле на режимот на санкции на САД, кој речиси секогаш бил најстрог.
Во случајот со санкциите против Русија, ЕУ и Велика Британија зазедоа поагресивен став, принудувајќи ги компаниите да размислат кон кого треба да се насочат следно. Според Мартин, главното прашање за западните компании сега е колку ќе биде профитабилно да се обноват трговските односи со Русија, со оглед на сите ризици и трошоци поврзани со европските санкции.
Во исто време, Ли Хансон, партнер во адвокатската канцеларија „Рид Смит“, верува дека е поверојатно дека потенцијалното олеснување на санкциите на САД ќе го искористат компании од Азија и Блискиот Исток кои веќе имаат бизнис во Русија.











