Interlace – зграда на годината

29

151109151843-waf-interlace-sharp-1-super-169Станбениот комплекс во Сингапур наречен Interlace, којшто е дело на компаниите Office of Metropolitan Architecture (OMA) и Buro Ole Scheeren ја доби титулата Зграда на годината на овогодинешниот Светски фестивал на архитектурата, што се одржа на 6 ноември во Сингапур, пишува CNN.

Импресивната градба беше комплетирана во 2013 година, а истата се наоѓа во јужниот дел од Сингапур. Зданието се состои од 31 блок-апартмани, поставени дијагонално и наредени околу осум главни дворови.

Зградата зафаќа површина од 170.000 метри квадратни, а располага со 1.400 станбени единици.

Според судиите на настанот, оваа интересна градба е еден радикален и алтернативен пристап кон современиот живот во едно тропско опкружување.

151109145806-waf-interlace-1-super-16902-the-interlaceinrerlace_com_02