Internet explorer заминува во историјата, на негово место доаѓа модерен пребарувач

63

internet-explorer

Технолошкиот гигант Microsoft развива нов и модерен интернет пребарувач што ќе го замени култниот Internet Explorer, со цел да се доближи кон веќе препознатливите Chrome и Firefox, пишува британски Индепендент.

Новиот пребарувач, како што се наведува, ќе му помогне на Microsoft да се дистанцира од лошите сеќавања на корисниците на постарите верзии на Internet Explorer, со кои многумина имаа големи проблеми.

Пребарувачот, што засега го носи името Spartan, ќе биде претставен на 21 јануари, кога Microsoft ќе го претстави новиот оперативен систем Windows 10. Но, тогаш не се очекува негово лансирање, туку само претставување на софтверското решение, пишува порталот zdnet.