Интернет нација: Над 81% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома

25

Вкупно 81,8% од домаќинствата во земјава имале пристап на интернет од дома, во првото тримесечје од оваа година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Учеството на домаќинствата според типот на населеното место со широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства e 85,7% во 2019 година. Во првото тримесечје од 2019 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 81,4 %, а 72,9 % го користеле секој ден или речиси секој ден. Од лицата што користеле интернет кога било во последните 12 месеци, 35,9 % нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет, а мнозинството од нив, 35,8%, купиле облека или спортска опрема.

Фото: Pexels