Интернетот Старлинк отсега достапен и во Македонија

157

Сателитскиот интернет „Старлинк“ управуван од компанијата SpaceX отсега е достапен и во Македонија. Информацијата ја соопшти компанијата SpaceX на Твитер.

„Возбудени за понатамошен пристап до брз и интернет со ниска латентост на Балканот“, стои во нивниот твит.

До крајот на годината и почетокот на следната година, „Старлинк“ треба да стане достапен и во другите земјите од Западен Балкан. Хрватска е веќе меѓу земјите каде што е достапен Starlink интернетот, услугата е достапна кај нашите соседи Бугарија и Грција. БиХ и Србија сè уште се листа на листа на чекање.