ИНТЕРВЈУ – Драган Илиевски, генерален менаџер на Magic MG дел од Малиќи груп 

360

Фабриката во која е создаден брендот Magic започна со работа уште во 1989 година во Охрид, а брендот е комплетно ребрендиран и репозцициониран од 1 Април годинава, со цел да обезбеди врвен квалитет и разновидност во областа на здравите грицки.  Тоа  што не издвојува од останатите е внимателниот избор на состојки и високите стандарди за производство, што  резултира со извонреден вкус и текстура на нашите производи. Ребрендирањето во светот на маркетингот, па и бизнисот воопшто, знае да биде навистина ризичен потег. Со оглед на тоа дека брендот Magic веќе постоеше на македонскиот пазар повеќе од 30 години. Но, откако Малиќи груп стана сопственик на компанијата, дојдоа и првите промени во вистинско време. Купувачите и пазарот денес се попребирливи, знаат да препознаат квалитет, но и имаат повисоки естетски норми, вели Драган Илиевски, генерален менаџер на Magic MG дел од Малиќи груп. 

Бизнис Инфо:Почитуван Илиевски, за една година  успеавте да направите една мала револуција кога се однесува на ребрендинг на компанија, но и новини на пазарот кои засега се тренд кога станува збор за здрава храна. 

Една поговорка вели: на мака се познаваат јунаците. Но, ви благодарам на забелешката. Ребрендирањето во светот на маркетингот, па и бизнисот воопшто, знае да биде навистина ризичен потег. Со оглед на тоа дека брендот Magic веќе постоеше на македонскиот пазар повеќе од 30 години. Но, откако Малиќи груп стана сопственик на компанијата, дојдоа и првите промени во вистинско време. Купувачите и пазарот денес се попребирливи, знаат да препознаат квалитет, но и имаат повисоки естетски норми. Направивме сериозна анализа на пазар и на нашите капацитети и тргнавме јуначки. Формиравме Magic тим и цела година работевме на секој детаљ, секоја грицка и комбинација помина низ многу строги и префинети контроли за вкус и квалитет.  

Бизнис Инфо:Како е создаден брендот Magic и што го прави посебен на пазарот? 

Фабриката во која е создаден брендот Magic започна со работа уште во 1989 година во Охрид, а брендот е комплетно ребрендиран и репозцициониран од 1 Април годинава, со цел да обезбеди врвен квалитет и разновидност во областа на здравите грицки.  Тоа  што не издвојува од останатите е внимателниот избор на состојки и високите стандарди за производство, што  резултира со извонреден вкус и текстура на нашите производи. Но, и пакувањата се модерни, едноставно се лепат за око. 

Бизнис Инфо:Кои се основните карактеристики на производите на Magic и како тие се разликуваат од конкуренцијата? 

Magic производите се со врвен квалитет, богат вкус и текстура.  Се разликуваме од конкуренцијата по внимателно одбраните состојки и иновативни комбинации на вкус кои овозможуваат уникатно искуство за грицкање. Сакаме здрава храна за сите генерации.  

Бизнис Инфо:Како Magic планира да го промовира новиот бренд за закуски Magic и што можеме да очекуваме од новите производи? 

Подготвени сме за поинтензивна маркетинг кампања во која  ќе ги истакнеме уникатните карактеристики на нашите Magic грицки и ќе го привлечеме вниманието на потрошувачите. Но, позначајно е купувачите да не препознаат по новите производи кои се истакнуваат по нивните иновативни комбинации на вкус и високиот квалитет, обезбедувајќи им ново искуство за уживање во грицките.  

Бизнис Инфо:Како Меџик планира да се позиционира како водечки бренд во индустријата за грицки во Македонија и регионот? 

Нашата цел е да продолжиме да обезбедуваме супериорен квалитет и разновидност на производи, како и континуирано да работиме на иновации и подобрувања. Важна ни е  ефикасната дистрибуција и јасната маркетинг стратегија, сакаме да станеме првиот избор на потрошувачите кога станува збор за закуски. 

Бизнис Инфо:Дали Magic планира да се прошири на пазарите и надвор од Македонија, каков е планот за проширување на новата палета на производи? 

Немаме агресивен план, туку постепено ќе го прошириме нашето присуство на пазарите надвор од Македонија. Прво ќе одиме со Косово, каде ќе обезбедиме ист квалитет и разновидност како на домашниот пазар. Многу сериозно работевме на проширување на палетата на производи и сега сме подготвени да одговориме на различните потреби на потрошувачите. 

Бизнис Инфо:Дали е важно Меџик да се прилагоди на промените во навиките на потрошувачите и трендовите на пазарот или да создава нови? 

Ги следиме промените во навиките и трендовите на потрошувачите, тоа е многу важно. Флексибилноста и брзиот одговор се клучните елементи за добра  стратегија ако сака некоја компанија  да остане релевантна и конкурентна на пазарот. Но, исто така е многу важно навреме да се насети дека пазараот е гладен за промени и многу умешно да се препознае што е новината која ќе ги задоволи вкусовите на пазарот.  

Бизнис Инфо:По што се разликуваат од другите закуски?  Кои се најпопуларните производи? 

Новина се атрактивните комбинации од линијата Activе. Таа  е специјално формулирана за поддршка на оние кои сакаат активен животен стил. Содржат хармонична мешавина од јаткасти плодови и сушено овошје, обезбедувајќи вкусен извор на енергија кој е идеален за спортски активности или секојдневни предизвици. Но, според првичните сознанија Чоко линијата изгледа ја украде славата. Најпопуларните комбинации во линијата на Чоко закуски вклучуваат јаткасти плодови потопени во разни вкусни белгиски чоколадни преливи. Овие неодоливи комбинации овозможуваат совршено задоволство и се идеален десерт за сите прилики. Тајната е комбинациите на сушеното овошје, со белгиската чоколада и јаткастите плодови.  

Најпознати се  производите во основната линија каде има печени солени бадеми, но и  индиски ореви, лешниците. Овие производи се внимателно печени и зачинети за да обезбедат богат вкус и задоволство со секој залак.  

Бизнис Инфо:Каков е процесот на избор и подготовка на состојки за производите на Magic и како се обезбедува нивниот квалитет? 

За нас, како индустрија за храна, императив е контролата на квалитет и безбедност за сите производи од нашето портфолио. Состојките за нашите производи се внимателно избрани, прво да се обезбеди највисок квалитет и вкус. Следиме строги стандарди во процесот на купување и складирање состојки, а квалитетот дополнително се обезбедува преку ригорозни контроли во текот на целиот производствен процес. Редовно ги контролираме состојките, но и готовите производи во акредитирани лаборатории во земјва.  

Бизнис Инфо:Како Magic MG ги користи иновациите и технолошкиот напредок за да ги подобри своите производи и производствени процеси? 

Активно ги следиме новите технолошки трендови и иновации во индустријата со цел да ги подобриме нашите производи и производствени процеси. Воведовме нова метализирана фолија која максимално го заштитува производот од надворешни влијанија. Почнавме со  полнење на производ во заштитна атмосфера што на производот му ја задржува свежината . Воведовме нова амбалажа со индукциска фолија кај путерот од кикирики со автоматско етикетирање. 

Kонтинуирано инвестираме во модерна опрема и технологија за да обезбедиме ефикасност, квалитет и конкурентност на пазарот. 

Бизнис Инфо:Дали компанијата MagicMG ја поддржува одржливоста и заштитата на животната средина во производствениот процес? 

Посветени сме на одржлива деловна заштита и заштита на животната средина.  

Применуваме ефикасни процеси на рециклирање, имаме стратегија за намалување на отпадот од нашето производство, поддржуваме иницијативи за заштита на природата и ресурсите. MagicMG е дел од  Малиќи груп, која веќе  дополнително е вклучена за подобрување на активностите е важи за општествено одговорна деловна и корпоративна одржливост. Фокусирани сме на континуирано подобрување на условите за работа, поддршка на локалната заедница и намалување на негативното влијание врз животната средина. 

Бизнис Инфо:Познато е дека компанијата MagicMG придонесува за инклузивно вработување и поддршка на лицата со попреченост? 

Горди сме што во нашата компанија работиме со лица со попреченост, давајќи им поддршка и можности за професионален развој. Ние веруваме во инклузивна работна средина која промовира различност и придонесува за подобро општество. Во Малиќи Груп активно поддржуваме локални иницијативи и проекти кои придонесуваат за развој на заедницата. Учествуваме во донации, волонтерски активности и други акции кои влијаат на јавното мислење и имаат позитивно влијание врз локалната заедница.