
Со традиција која започнува во 2001 година, „ДАСИНГ ПАРКЕТИ“ повеќе од две децении е синоним за квалитет, естетска совршеност и доверба на македонскиот пазар. Разговаравме со сопственикот Дарко Аспровски за предизвиците на градењето бренд во силна конкуренција, значењето на европските партнерства и визијата за иднината која вклучува нови производствени капацитети и инвестиции во станбено-деловни објекти. Дознајте како оваа компанија го преточува долгогодишното искуство во современи ентериерни решенија.
Бизнис инфо: „ДАСИНГ ПАРКЕТИ“ има корени кои датираат уште од 2001 година. Колку беше тешко да се изгради бренд кој веќе две децении е синоним за доверба и квалитет на македонскиот пазар?
Дарко Аспровски: Сè започна со визија и голема посветеност. Нашиот фамилијарен бизнис, наследен со гордост од претходните генерации, секогаш имал за цел да гради доверба и препознатливост – задача која не е лесна, особено на пазар со голема конкуренција. Секој проект ни беше ново искуство, а зад секој успешно завршен објект стоеше тим кој веруваше во квалитетот и професионализмот. Со постојан труд, доследност и фокус на клиентот, успеавме да станеме бренд кој луѓето го препознаваат како гаранција за долготрајност и естетика.

Бизнис инфо: Како мал бизнис, колку брзо успевате да ги следите промените на пазарот и новите технологии?
Дарко Аспровски: Малите компании имаат предност во флексибилноста. Ние постојано ја следиме светската сцена на подни облоги, новите материјали и технолошките иновации. Учествуваме на саеми, следиме трендови и инвестираме во современа опрема. Ова ни овозможува да понудиме најсовремени решенија и веднаш да ги прилагодиме услугите според потребите на клиентите.
Бизнис инфо: Клиентите кај вас не купуваат само производ, туку и монтажа. Колку е важна софистицираната опрема и обученоста на вашите монтери за долговечноста на еден паркет?
Дарко Аспровски: Многу е важно. Дури и најквалитетниот паркет не може да ги покаже своите предности ако не е правилно поставен. Затоа нашите монтери поминуваат обуки и користат современа опрема. Прецизноста при монтажа, вниманието кон деталите и правилната завршна обработка ја одредуваат долговечноста и изгледот на секој под.

Бизнис инфо: Како успевате да одговорите на специфичните естетски барања на клиентите за различни типови простори (деловни наспроти станбени)?
Дарко Аспровски: Секој простор има своја функционална и естетска потреба. За деловните простори се фокусираме на издржливост и практичност, а за станбените – на топлина, комфорт и дизајн. Нашиот тим нуди индивидуални консултации и решенија кои го комбинираат материјалот, бојата и структурата на паркетот со стилот на клиентот.
Бизнис инфо: Имате долгогодишна соработка со реномирани компании од регионот и Европа. Што научивте од овие партнерства и како тие влијаат на вашата понуда?
Дарко Аспровски:Соработката со водечки компании ни овозможи пристап до квалитетни материјали, нови технологии и добри практики од странство. Тие ни помогнаа да го подигнеме нашиот стандард и да понудиме решенија кои се во чекор со светските трендови, но прилагодени на македонскиот пазар.

Бизнис инфо: Со оглед на квалитетот кој го нудите, какви се вашите капацитети и искуства со извоз на производите или услугите надвор од границите на Македонија?
Дарко Аспровски: Иако главно работиме на домашниот пазар, од 2024 ДАСИНГ ПАРКЕТИ е присутен и на пазарот во Србија. Имаме искуство со проекти во регионот и Европа, што ни овозможува да се справиме со барањата на различни пазари. Тоа исто така ни дава инспирација да воведуваме нови производи и технологии како на домашниот пазар така и на пазарите во соседството и пошироко.
Бизнис инфо: Каде го гледате „ДАСИНГ ПАРКЕТИ“ во иднина? Дали планирате проширување на производствените капацитети или нови соработки?
Дарко Аспровски: Ние гледаме кон раст и развој. Планираме проширување на производните капацитети, воведување нови линии на производи и јакнење на соработките со реномирани домашни и европски партнери како и значајни инвестиции во изградба на нови комерцијални и станбени објекти.. Нашата цел е да останеме бренд кој значи доверба и квалитет, да продолжиме да нудиме современи решенија и да одговараме на барањата на нашите клиенти.











