Интервју со Елена Пандева: Не е битно само колку ќе заработите, туку колку личен допринос ќе оставите врз квалитетот на животот на другите околу вас

ELENA LUKA GROUP имаше една исклучително успешна година. Во следниот период, фокусот ќе биде на интеграција на иновациите во сите процеси на функционирање. Целта е да изградиме иднина што не само што ќе ги исполнува потребите, туку ќе ги надминува очекувањата. Во секој сегмент од мојата работа, заедно со мојот тим, насочени сме кон создавање на вредности што инспирираат и стануваат безвременски, вели во интервју за Бизнис Инфо, Елена Пандева сопственичката и генерална менаџерка на ELENA LUKA GROUP.

Менаџирате со две големи индустрии, модната и градежната. Кои особини се пресудни за да се изоди патот по кој го градевте брендот ЕЛЕНА ЛУКА?

Бренд се гради само врз здрава основа, која ја сочинуваат пред сè јасната визија и цел што сакате да ја постигнете, подготвеност и храброст да се соочите со сите предизвици на патот кон успехот и многу љубов кон тоа што го работите. Со целосна верба во своите способности, континуитет во работата и тим од професионалци кои што лојално ве следат во чекор, соновите стануваат реалност, а целта достижна. Така ја создадов групацијата ELENA LUKA GROUP која го обединува семејството брендови во повеќе деловни сектори, секој позициониран на водечката позиција во својата сфера на делување: ЕЛЕНА ЛУКА во светот на модата, ELENA LUKA HOME во градежната индустрија, FashionEL.mk како водечки моден онлајн магазин. Секако, постојаното надградување на знаењето, движењето во чекор со светските тенденции, истражувањето на пазарот и имплементирање на знаењето стекнато преку таквите истражувања, се меѓу клучните фактори во профилирањето на една успешна и конкурентна компанија.

Позади Вашиот бренд стојат голем број на проекти. Кои фактори се пресудни пред сè за одржување и стекнување на доверба кај клиентите?

Довербата на клиентите е резултат на конзистентност и надградување на квалитетот и услугите што им ги нудиме. Искрената комуникација, транспарентноста и почитта кон клиентите се есенцијата на одржување долгорочни и квалитетни релации, а воедно и суштински сегмент во корпоративната култура на ELENA LUKA GROUP. Нашата цел е да ги разбереме и реално да одговориме на нивните потреби, а тоа клиентите секогаш го препознаваат и го наградуваат со нивната лојалност кон брендовите во нашата групација. Без исклучок, секогаш вложуваме во квалитетни материјали, иновативни решенија, како и навремено исполнување на нашите обврски, што е клучно за создавање долгорочна доверба.

Добриот тим е клуч за успех. Кои вештини треба да ги поседуваат Вашите вработени и колку сте отворени за сугестии и критики од нивна страна?

Отворената комуникација со вработените и поставување на вистинските професионалци на вистински работни позиции, сметам дека се меѓу приоритетните фактори за заеднички успех. Сугестиите и иновативните идеи на моите вработени ги гледам како можност за постојан прогрес и подобрување, решавање на проблеми и предизвици. Тимската работа бара доверба и почит, затоа секогаш се трудам да ги охрабрувам моите вработени да ги изразуваат своите идеи, предлози и решенија и со тоа да придонесат за заедничкиот успех. Во ELENA LUKA GROUP се вработени луѓе експерти во својата област, докажани професионалци, но истовремено луѓе со високи етички и морални принципи и тоа е добитната комбинација, што како нивен лидер и претпоставен, ме прави особено горда и среќна.

Успехот во работењето на компаниите е пред сè одраз на квалитетот  на човечките ресурси и задоволни вработени. По што се издвојува корпоративната култура на ЕЛЕНА ЛУКА?

Во компаниите на ELENA LUKA GROUP создаваме мотивирачки работен амбиент каде што секој вработен има широки можности да го изрази својот потенцијал и да се чувствува вистински вреднуван.

Исклучително е значајно да му покажете на вашиот вработен дека го препознавате неговиот труд, потенцијал и вложување и дека тоа има суштинско влијание во целокупниот успех на компанијата, а тој принцип на работа е еден од најважните во корпоративната култура на сите брендови во семејството на ELENA LUKA GROUP. Јас секогаш велам дека, моите вработени се истовремено и дел од моето семејство и тоа навистина е така. Посветуваме особено внимание на личниот раст и развој преку најразлични механизми и напредни обуки со што обезбедуваме можности за професионален напредок. Негуваме култура каде што е изразено чувството на припадност, охрабруваме креативност, проактивност и самоиницијатива и секогаш ги препознаваме и наградуваме високите достигнувања на вработените, кои истовремено се достигнувања кои придонесуваат за успехот на целата компанија.

Бевте гостинка и Златен спонзор на “Економски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024”, настан  кој за прв пат се одржа во Македонија.  Колку ваквите настани  се битни за жените кои  водат бизнис и каква порака би им упатиле на жените кои сакаат да започнат бизнис или водат компанија?

Вистинскиот момент да започнете свој бизнис е сега. Нема потреба да се одложуваат соништата и потребите за да се изразите себеси. Едноставно времето е секогаш сега. Нема никогаш да се создадат 100% поволни услови за реализација на некој невообичаен или вонсериски сон, затоа што во почетокот кога имаме некоја уникатна идеја таа е тешко прифатлива. Можеби ќе ви кажат, дека е тешко за реализација или дека не е возможно да се оствари. Апсолутно тоа не е така. Штом имате на ум иновативна и уникатна идеја, времето е сега да ја остварите. Немојте да се плашите од амбицијата.

Жените кои се амбициозни може да бидат и одлични лидери и одлични мајки и сопруги и тој концепт апсолутно функционира. Не е битно само колку ќе заработите, туку колку личен допринос ќе оставите врз квалитетот на животот на другите околу вас. Затоа што заедницата треба да има позитивна клима во која сите квалитетно ќе делуваме. Женското вмрежување е многу важно и успехот на една жена треба да биде мотивација за другите жени. Да бидеш жена значи да имаш моќ и да имаш сила и капацитет со кој ова општество може да го направиш многу подобро.  Самодоверба, упорност, уникатна идеја и да не заборавиме, перманентно работење.

Општествената одговорност е важен сегмент од дејствувањето на Вашата компанија? Какви сè активности преземате?

Како верификација на долгогодишната посветеност на ЕЛЕНА ЛУКА на заедницата и градењето на инклузивна средина, годинава во рамки на престижната манифестација Ability Awards, ја добив наградата за „Лидерство за различности“. Навистина ми значи што заедницата ја препознава нашата посветеност и перманентно придонесување за поквалитетно и подобро општество. Преку различни практики и механизми, ЕЛЕНА ЛУКА во своето секојдневно дејствување ја вклучува општествената одговорност како значаен сегмент во својата работна политика. Инклузијата е клучен дел од визијата на ЕЛЕНА ЛУКА.

Како бренд посветени сме на создавање на средина каде секој може да се чувствува прифатен и вреднуван. Дополнително, ЕЛЕНА ЛУКА е еден од ретките позитивни примери во однос на тоа дека имаме политика на активно вработување лица со попреченост, а со тоа и овозможуваме услови каде нивните таленти можат да дојдат до израз. Во рамките на корпоративната социјална одговорност, ЕЛЕНА ЛУКА постојано иницира и поддржува активности и проекти кои промовираат инклузија, како што се инклузивни модни ревии, донации и создавање на платформи за поддршка на лицата со попреченост или маргинализирани категории на луѓе. Инклузијата не е само обврска, туку можност за создавање на општество кое ја вреднува различноста како своја најголема сила.

Градежниот сектор е конкурентен. По што се издвојува  ЕЛЕНА ЛУКА HOME од конкуренцијата, што сметате дека е ваша предност?

Во реализација на долгорочната стратегија на ELENA LUKA HOME, секогаш целиме кон изградба на безвременски и атрактивни објекти кои ќе ги задоволуваат највисоките стандарди и ќе го предводат пазарот. Ние размислуваме глобално и сите тенденции на светско ниво, ги имплементираме кај нас, адаптирајќи се според потребите на нашите клиенти. Нашиот фокус е насочен кон постојан прогрес и континуирано надградување на широкиот опсег на услуги. Преку таквиот професионален пристап, ние проектираме и реализираме објекти кои ги надминуваат временските граници, а го носат духот на модерното време, како во однос на функционалноста, така и во естетска смисла.

Иновација, модерен дизајн, одговорност, искуство, квалитет и професионалнсот, се нашите водечки начела во секој сегмен на нашиот пат кон остварување на соништата на нашите клиенти.

Тука би сакала да ставам акцент и на нашиот актуелен, визионерскиот проект FUTURA Complex кој е репрезент на најсовремената врвна архитектура која квалитетот на живот го става во фокус. Со површина од 47.000м2, овој ултра современ станбено-деловен комплекс се издвојува со својот иновативен и функционален дизајн, со концепт кој има за цел да изгради препознатлив, модерен и максимално квалитетен животен стил. Лоциран на одлична локација во општина Кисела Вода, на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје, комплексот нуди уникатна комбинација на урбано живеење, комфор, безбедност и концепт на домување прилагоден според барањата на современиот човек. Со четири станбено-деловни објекти, зелена оаза за рекреација и атрактивен деловен простор, FUTURA Complex ги обединува сите аспекти за квалитетно живеење. Ми претставува огромна чест и задоволство што ELENA LUKA HOME стои зад едно вакво капитално архитектонско дело.

Изминатава година освоивте прво место за “Најдобра Е – продавница основана од жена“,  добитник сте и на награда Лидерство за различности на првите  “Ability awards 2024“…  Годината ја завршивте со престижната награда „Македонски квалитет“, а бевте и крунисани и со титулата  Жена на годината 2024. Што претставуваат овие награди за Вас и колку Ви значат како поттик за остварување на што поголеми успеси?

Навистина ова лично за мене и за ELENA LUKA GROUP беше една исклучително успешна година, а наградите и признанијата кои ја верифицираат и препознаваат мојата работа и работата на моите компании, е потврда дека се движиме на вистинскиот пат и дополнителна мотивација да бидеме уште подобри во тоа што го работиме. Секоја од овие награди има посебно значење за мене, бидејќи тие се одраз на различни аспекти од мојата визија и напорите што ги вложувам – од иновативноста и креативноста во е-трговијата, преку залагањето за инклузивност и еднаквост, до препознавање на нашиот придонес за македонскиот квалитет и успех. Тие не само што претставуваат признание за досегашните постигнувања, туку и одговорност да продолжам да создавам позитивни промени и да инспирирам околу мене.

Кои се Вашите бизнис планови за 2025 година?

Во следниот период, фокусот ќе биде на интеграција на иновациите во сите процеси на функционирање. Целта е да изградиме иднина што не само што ќе ги исполнува потребите, туку ќе ги надминува очекувањата. Во секој сегмент од мојата работа, заедно со мојот тим, насочени сме кон создавање на вредности што инспирираат и стануваат безвременски. ELENA LUKA HOME интензивно работи на градење квалитетен, урбан и светски животен стил во домувањето. ЕЛЕНА ЛУКА ја продолжува својата мисија да ги прави жените среќни и самоуверени со една перфектна модна уметност во која имам вложено сериозен дел од себе. FashionEL.mk оваа година (2024) доби нов модернизиран веб дизајн во чекор со светските тенденции, а со своите уникатни, едукативни и информативни содржини останува највилјателен моден онлајн магазин во медиумскиот етер. Како резултат на оваа посветеност и професионалност, успехот е природен исход во нашата работа.