Интервју со основачите на брендот SIGNORI: Секој клиент заслужува најдобро од нас

466

SIGNORI е македонски моден бренд со светски стандарди, создаден за мажите кои посветуваат внимание на својот изглед и кои сакаат да носат уникатни и софистицирани одела. Ненад Пантовиќ и Крис Поповски ја започна приказната Signori пред 10 години. За тоа што ги поттикна да основаат сопствен бренд, нивната  филозофијата, подем, искуства, предизвици и следни планови раскажаа во интервју за Бизнис инфо.

Бизнис Инфо:Сињори (Signori ) компанија со основна дејност дизајнирање и производство на машки костуми по мерка годинава слави јубилеј од 10 години. Стартувавте без некакво претходно модно искуство, а денеска сте еден од најпрепознатливите македонски брендови. Што ве поттикна да основате сопствен бренд?

Одлуката да основаме сопствен бренд беше спонтана и ненамерна водена од страста за модата и желбата да создадам нешто уникатно. Иако немавме претходно искуство, имавме јасна визија и верба дека можам да го донесаме нешто ново и квалитетно на македонскиот пазар.

Бизнис Инфо:Колку беше тешко да се изоди овој пат и што беше клучно за да создадете успешна бизнис приказна и истраете? Која е најважната работа која ја сфативте додека Сињори се развиваше?

Патот беше полн со предизвици, од финансиски до логистички. Клучно за успешната приказна беше упорноста и способноста да се адаптираме на промените и потребите на нашите клиенти. Најважната работа која ја сфативме е дека квалитетот и задоволството на клиентите се на прво место.

Бизнис Инфо:Која е филозофијата на вашиот бренд?

Филозофијата на нашиот бренд е едноставна: да создадеме врвни, персонализирани производи кои ќе го рефлектираат стилот и индивидуалноста на нашите клиенти.

Бизнис Инфо:Започнувањето бизнис е предизвик само по себе и може да биде стресно, особено бизнис партнерството.  Како ги носите одлуките, како функционирате?

Одлуките ги носиме преку отворена комуникација и соработка. Секој член на тимот има своја улога и заеднички работиме за да ги оствариме нашите цели. Прозрачноста и довербата меѓу партнерите е клучна за успешното функционирање.

Бизнис Инфо:Како оди процесот на креирање  производи на Сињори?  Какви материјали,  технологии, иновации користите?

Процесот на креирање производи почнува со внимателен избор на материјали. Користиме високо квалитетни ткаенини и модерни технологии за производство. Секој костум е изработен по мерка, со внимание на деталите.

Бизнис Инфо:Што ве прави различни од другите брендови на пазарот, какво корисничко искуство нудите?

 

Она што не прави различни е нашето внимание на персонализација и уникатност. Нудиме искуство кое вклучува консултации и креирање производи кои се специјално дизајнирани за клиентот.

Бизнис Инфо:Дали оделото го прави човекот? Какво одело треба да поседува секој маж?

Оделото навистина може да го направи човекот, бидејќи првиот впечаток е важен. Секој маж треба да поседува класично темно одело кое може да се носи на различни пригоди.

Бизнис Инфо:На вашиот список на клиенти има познати личности од различни бранши (спортисти, пејачи, политичари, бизнисмени…) Дали чувстувате посебен притисок кога креирате за нив?

Да, постои посебен притисок кога креираме за познати личности, но тоа истовремено е и чест и мотивација да бидеме уште подобри. Секој клиент заслужува најдобро од нас.

Бизнис Инфо:Во вашата понуда освен костуми нудите и аксесоари, капути, фармерки, кошули, чевли… Може ли да очекуваме во иднина да ги стилизирате и жените?

Иако сега фокусот ни е на машка мода, не ја исклучуваме можноста во иднина да стилизираме и жени. Секогаш сме отворени за нови предизвици и проширување на нашиот асортиман.

Бизнис Инфо:Дали некогаш сте се сомневале во вашиот бренд и неговиот успех и сте сакале да се откажете? Ако е така, каков совет би им дале на претприемачите на кои им поминуваат такви  мисли низ глава?

Да, имало моменти на сомнеж, но никогаш не сме се откажале. Мојот совет за претприемачите е да останат упорни и да веруваат во својата визија. Тешките моменти се дел од патот кон успехот.

Бизнис Инфо:Што е следно? Какви, проекти или новитети можеме да очекуваме од ваша страна?

Следно, планираме да прошириме нашето присуство на меѓународниот пазар и да воведеме нови линии на производи. Исто така, работиме на подобрување на нашите услуги и искуството на клиентите.

 

Бизнис Инфо:Имате импресивна бизнис приказна која би можела да се раскаже на филмско платно. Кои двајца актери би сакале да ги носат костумите на Сињори и ја пренесат вашата креативна авантура?

Ако нашата приказна се претвори во филм, би сакал костумите на Сињори да ги носат актери како Џорџ Клуни, Киану Ривс или некој актер во новите изданија на 007 некако нивната елеганција и стил совршено се вклопуваат со нашата визија.