
Др. Ѓорѓевиќ, што ве инспирираше да го донесете моделот на инвестиции од Дубаи во Македонија?
Проф. Др. Дејан Ѓорѓевиќ: Дубаи не е само пазар, тоа е начин на работење. Таму брзината, дисциплината и квалитетот се императив, не избор. Сакавме да ја пренесеме таа култура на инвестирање во Македонија и да создадеме проекти кои ќе имаат долгорочна вредност. Овој пристап не се заснова само на профит, туку на создавање стабилна и препознатлива вредност за во иднина.
Како ги имплементирате тие принципи во вашите проекти?
Проф. Др. Дејан Ѓорѓевиќ: Нашата работа се темели на прецизно финансиско планирање, стриктна контрола на квалитетот, долгорочна инвестициона стратегија и диверзифицирано портфолио. Секој проект е внимателно испланиран за да обезбеди сигурност и доверба, без компромис на квалитетот. Нашиот пристап е систематичен и дисциплиниран – секој чекор е мерен и анализиран за да се постигне најдобар резултат.
На кои области се фокусирате во Македонија?
Проф. Др. Дејан Ѓорѓевиќ: Фокусот е на станбени и деловни објекти со современа архитектура и висока енергетска ефикасност. Не се стремиме кон краткорочна добивка, туку кон создавање стабилна вредност која ќе се цени и во иднина. Со нашите проекти сакаме да го подигнеме стандардот во градежниот сектор и да понудиме долгорочна сигурност на инвеститорите и корисниците.
Како групацијата овозможува регионална експанзија?
Проф. Др. Дејан Ѓорѓевиќ: Инвестициите во Дубаи и во регионот на Југоисточна Европа ни овозможуваат трансфер на знаење, оптимизација на капитал и регионална диверзификација која ја намалува инвестициската несигурност. Комбинираме глобални стандарди со локална експертиза, што ни овозможува да имплементираме најдобри практики и да создадеме стабилни, конкурентни проекти.
Што би посочиле како главна предност на вашата групација?
Проф. Др. Дејан Ѓорѓевиќ: Империјал Холдинг Македонија е дел од Империјал банкинг групација, каде јас како ЦЕО ја водам стратегијата за финансиска стабилност и раст. Нашата групација има докажано искуство на конкурентни пазари, што инвеститорите и пазарот го препознаваат како сигурен знак за долгорочна доверба.
Која е пораката за инвеститорите и пазарот?
Проф. Др. Дејан Ѓорѓевиќ: Инвестициите бараат кредибилитет, стабилност и дисциплина. Нашата долгорочна визија е јасна – создавање бренд препознатлив по финансиска стабилност, премиум инвестициски пристап и дисциплина во работењето. Во 2026 година, планираните инвестиции во Македонија надминуваат 50 милиони евра, што ја потврдува нашата посветеност на долгорочниот раст, квалитетот и создавање стабилна вредност за инвеститорите и корисниците. Со ваков пристап сакаме да поставиме нов репер за градежниот и инвестицискиот сектор во Македонија и во регионот.
Покрај Вашите ангажмани во бизнисот, Вие сте истовремено и универзитетски професор. Кои се Вашите планови на тоа поле?
Проф. Др. Дејан Ѓорѓевиќ: Не е лесно да се исполнат сите обврски. Мојата блискост и поврзаност со студентите како и идеите што потекнуваат од нив, е поттик за нови планови за основање на универзитет во Македонија и допринос во развој на високото образование, по примерот на веќе постоечките високообразовни институции во регионот и пошироко. Целта е да се подигне квалитетот на образованието и да се создаде генерација подготвена за предизвиците што ги носи современиот бизнис.














