Invest in Croatia: Проекти тешки 3,1 милијарди евра чекаат странски инвеститори

48

Хрватската стопанка комора (ХГК) претстави 19 инвестициски проекти во рамките на изложбата Be CROative, на еден од најголемите саеми за недвижнини и инвестиции во Европа, Expo Real кој секоја година на почетокот на октомври се одржува во Минхен. Вкупната вредност на проектите изнесува 3,1 милијарди евра.

ХГК уште на почетокот на годинава го осмисли концептот на изложбата Be CRoative, ставајќи го акцентот на инвестициите. Invest inCroatia, како дел од изложбата, на потенцијалните инвеститори им дава не само информации за инвестициските проекти, туку и за деловната клима и условите за работење во Хрватска. Претставени се проекти од подрачјето на туризмот, инфраструктурата, обновливи извори на енергија, наука и технологија, како и недвижнини.

Странските инвеститори годинава најмногу се интересирале за сите видови недвижнини во Полска и Чешка, а за Хрватска покажале интерес за инфраструктурата, туризмот и недвижности.