Чешкиот милијардер Михал Стрнад доби одобрение од американската компанија Vista Outdoor да ја купи нејзината подружница за производство на оружје од мал калибар Kinetik Group за 2,2 милијарди долари.
Компанијата на Стрнад CSG, која првенствено произведува муниција и борбени возила во Европа, во последните две години ги зголемила своите приходи поради војната во Украина, а сега успеала да се прошири и во САД, пренесува Блумберг.
Чешката компанија издаде соопштение во кое се наведува дека со купувањето на групацијата Kinetik, која ги вклучува познатите брендови за оружје Ремингтон и Федерал, сега стана најголемиот производител на малокалибарско оружје „во западниот свет“.
CSG е глобален холдинг кој има свои главни производствени капацитети во Чешка, Словачка, Шпанија, Италија, Индија, Велика Британија и САД и вработува повеќе од 10.000 луѓе