Инвеститор кој предвиде економски колапс во 2008 година, најавува крах на пазарот на криптовалути

556

Инвеститорот Мајкл Бари предвидува колапс на пазарот н криптовалути. Менаџерот на хеџ фондот, кој се прослави со филмот The Big Short и кој на своите инвеститори им донесе големи профити предвидувајќи колапс на пазарот на недвижнини, сега објавува дека доаѓа “мајката на сите несреќи“.

Бари укажа на прекумерниот leverage како главен проблем за криптовалутите. Како што предупреди, инвеститорите кои купуваат криптовалути “се запишуваат за разорни загуби“.

Бари додаде дека стравот на луѓето од пропуштање ги однесе цените на неодржливи нивоа. Шефот на Scion Asset Management  исто така ги предупреди љубителите на криптовалути кои несовесно се задолжуваат за да ги купат своите омилени монети.

Што е тоа leverage?

Leverage е инвестициска стратегија за користење позајмени пари, преку финансиски инструменти или директно позајмен капитал, за зголемување на потенцијалниот поврат на инвестицијата. Исто така, leverage може да се однесува и на износот на долг што компанијата го користи за финансирање на имотот.

Фото: Facebook