Инвеститори го тужат Маск: „Лажевте, манипулиравте со пазарот и на крај заработивте“

19

Инвеститорите ги тужат Илон Маск и социјалната мрежа Twitter за постапување по понудата на милијардерот од 44 милијарди долари што тој претходно ги понуди за компанијата.

Во тужбата се наведува дека Маск ги прекршил корпоративните закони на Калифорнија на неколку начини.

Маск е обвинет за недолично однесување и давање лажни изјави и манипулирање на пазарот, како и дека неговите постапки создале хаос во корпоративното седиште на Twitter.

Акциите на Twitter се за околу 27 отсто пониски од цената што за нив ја нуди Маск од 54,20 долари.

Во тужбата се наведува и дека Маск имал финансиска корист од одложувањето на објавувањето за неговото преземање на значителен удел во Twitter и планот да стане член на управниот одбор на компанијата, како и дека неколку твитови што ги објавил на Twitter, чиј редовен корисник е, било лажно наведување за 95 милиони следбеници на социјалната мрежа.

Тоа ја вклучува објавата во која Маск рече дека неговата понуда за преземање Twitter е во тек поради неговите сомневања за голем број лажни профили на таа платформа.

Неговата објава на 13 мај оваа година „беше обид за манипулација на берзата на Twitter “, се вели во тужбата.