Инвеститорите очекуваат намалување на каматите – европските берзи реагираат позитивно

Европските берзи денес продолжија да растат и достигнаа нов рекорд, бидејќи инвеститорите сè повеќе сметаат на намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви по послабите економски податоци од Соединетите Американски Држави.

Индексот Stoxx 600 порасна за 0,7 проценти утрово во Лондон, поставувајќи нов дневен максимум. Акциите на технолошките, автомобилските и рударските компании најмногу скокнаа, објавува Bloomberg.

Денес во 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,51 процент на 24.267,22 поени, францускиот CAC 40 за 0,78 проценти на 8.028,86 поени, додека британскиот FTSE 100 падна за 0,08 проценти на 9.438,85 поени, а московскиот MOEX за 0,35 проценти на 2.638,01 поени.