Инвеститорите повторно се обложуваат на злато

118

Златото повторно е во центарот на вниманието бидејќи инвеститорите се обложуваат дека заладувањето на инфлацијата во Соединетите држави ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки на ФЕД и ќе го направи благородниот метал попривлечен.

Фјучерсите на златото беа на највисоко ниво во последните осум месеци, откако се искачија за 14% од крајот на ноември до 1.882 долари за унца во средата.

Инвеститорите имаат тенденција да „налетуваат“ на средства кои нудат редовни приноси, како што се државните обврзници, кога каматните стапки растат. Цените на златото паднаа во април минатата година кога Федералните резерви на САД почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во обид да ја скроти зголемената инфлација.

Пазарот сега сè повеќе очекува ФЕД да го намали зголемувањето на каматните стапки во САД бидејќи потрошувачките цени полека растат, зголемувајќи ја побарувачката за злато.

Некои земји, исто така, ги зголемуваат своите златни резерви, што помага да се зголемат цените. Тој напор стана полесен во последниве месеци, бидејќи вредноста на доларот ослабе, што го прави поевтино за земјите надвор од САД да купуваат злато.

„Сведоци сме на купување злато од централните банки. Не е изненадувачки што многу се работи за Русија и Кина, земји кои сакаат да ја намалат зависноста од американскиот долар“, изјави за Си-Ен-Ен Керолин Бејн, главен стоковен економист во Capital Economics.

Безбедно засолниште
Инвеститорите, исто така, обично го гледаат златото како безбедно засолниште во време на неизвесност.

Златото често се смета за добра заштита од инфлација бидејќи тоа е опипливо, оскудно средство кое, теоретски, ја држи својата вредност.

За време на пандемијата на коронавирус во август 2020 година, цените на златото достигнаа историски максимум од 2.072 фунти.

„Овој метал има тенденција да оди добро во време на криза“, рече Кришан Гопаул, висок пазарен аналитичар.

Тој додаде дека ризикот од глобална рецесија оваа година може да биде фактор што ги привлекува инвеститорите.

Крег Ерлам, висок пазарен аналитичар во OANDA, го повтори овој став.

„Оваа година глобалната економија се соочува со сериозно забавување, а во многу земји и рецесија. Тоа може да го направи златото попривлечно сега кога приносите и доларот се помалку негативен фактор“, изјави тој за Си-Ен-Ен.