Инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк е најголема во регионот и ќе преставува 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава

66

Ова е најголемата инвестиција досега во делот на обновливите извори на енергија во регионот. 500 милиони долари во парк на ветерници. Планирано е инсталирање на 55 ветерници што ќе произведуваат еден милион мегаватчасови, што е 20% од целокупното производство на електрична енергија. Ова инвестиција ќе отвори нови 630 вработувања. Ваквиот почеток на мандатот со ваква инвестиција покажува дека како Влада сме насочени кон проекти што се во интерес на граѓаните, изјави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на странската инвестиција на „Alcazar Energy Partners“, водечкиот инвеститор во обновливи извори на енергија во пазари во развој.

Според Мицкоски, проектот е значаен со оглед дека ќе се зајакне енергетската независност.

-Ваков тип на инвестиции покажуваат дека довербата во оваа Влада уште на самиот почеток е голема и дека како опозиција работевме и сега како Влада ќе продолжиме да работиме со засилено темпо, кажа меѓу другото претседателот на Владата на промоцијата во Скопје.

-Планот го имаме, луѓето ги имаме и останува само да ја завршиме домашната задача што сами ја поставивме. Јас сум од оние луѓе кои сакаат да видат конкретни дела, а не се потпира само на даден збор. Секој ден ќе работиме напорно, додаде Мицкоски.

За проектот нема специјални  закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 – 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава.

„Alcazar Energy Partners“ е водечки независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим на советници со седиште во Дубаи кои се фокусираат на големи проекти за обновлива енергија на пазарите во развој.