Фото: Fitbit
Технолошката компанија Fitbit, со седиште во Сан Франциско, го претстави својот нов уред Ionic – паметен часовник и “личен тренер”.
Ionic им овозможува на корисниците низа услуги како, бесконтактни плаќања, слушање на музика, телефонски известувања и слично. Освен тоа, има вградено сензори коишто го следат здравјето и даваат информации за фитнес режимот на корисникот.
Посебна апликација, што е еден вид на личен тренер, им нуди на корисниците специјално прилагодени вежби, додека сензорите го мерат нивото на кислород во крвта. Според компанијата, батеријата на Ionic може да трае до четири дена без полнење. Часовникот е водоотпорен до 50 метри длабочина, што значи дека корисникот може слободно да плива и вежба под вода и да го следи поминатото растојание и времето во вода.
Неговата цена е 299 долари, а ќе биде достапен во три варијанти со комбинации на сива, сребрена, црна, портокалова и сина боја.