iPhone 7 со потпис на Gresso и цена од пола милион долари

27

bling_iphone_7-640x472

Интернационалниот луксузен бренд Gresso, чие седиште е во Мајами, Флорида, претстави три модели на iPhone 7 декорирани со црни дијаманти, вкупно 1.450 на број или 102 карати, пишува Tech Times.

Логото и камерата се направени од 10 грама 18 каратно злато, а тука се и слушалките исто така обложени со 30 црни дијаманти. Според компанијата, којашто се занимава со изработка на луксузни смартфони и додатоци, за да се изработи еден ваков iPhone потребни биле 18 часа и затоа цената изнесува неверојатни 500.000 долари.

Gresso ги нуди овие ексклузивни модели заедно со заштитна маска декорирана со дијаманти, а направена од титаниум 5 и 18 каратно злато. Најмалата цена за евентуални поправки чини 2.500 долари, а компанијата произведе вкупно 999 вакви телефони.