
Ирачкиот премиер Мохамед ал Судани и генералниот секретар на ОПЕК Хајтам ал Гаис оценија дека има потреба од координација меѓу земјите извознички на нафта за да се осигура дека цената на нафтата нема осцилација на пазарот.
Земјите извознички на нафта мора да ги координираат своите активности за да се избегнат флуктуации на цените на нафтата и нивното влијание врз земјите извознички и земјите потрошувачи, се вели во изјавата на ирачката влада по посетата на генералниот секретар на ОПЕК на Багдад, пренесува РИА Новости.
Ирачкиот министер за нафта Хајан Абдул Гани во неделата изјави дека Ирак има намера да го задржи темпото на намалување на производството на нафта за 220.000 барели дневно во согласност со неговата квота според најновиот договор „ОПЕК плус“.
„Ги обврзавме некои нафтени компании кои работат на југ да го намалат производството за да ги исполнат договорените стапки на ОПЕК плус“, рече Гани.
Ирак е еден од основачите на Организацијата на земји извознички на нафта, пренесува Танјуг.
Фото: Pixabay











