Ирак го забрани увозот на алкохол

72

Ирак го забрани увозот на алкохолни пијалоци и покрај критиките од христијанските членови на парламентот.

Ирачката царинска управа наведува дека на сите царински пунктови им е наложено да забранат увоз на сите видови алкохолни пијалоци, пренесува Анадолија.

Овој потег се заснова на Законот за увоз од 2023 година, кој забранува увоз, производство и продажба на алкохолни пијалоци.

Спроведувањето на законот наиде на критики од христијанскиот пратеник Фарук Хана Ато, кој рече дека законот „се спротивставува на основите на ирачкиот устав“.

„Ирачкиот устав, кој ги нагласува индивидуалните слободи, не може да биде прекршен“, рече тој.

Минатата недела, пет христијански членови на ирачкиот парламент поднесоа тужба до Федералниот суд, оспорувајќи ја уставноста на законот за увоз.

Според ирачката комисија за човекови права, во Ирак има околу 250.000 христијани.

Според Анадолија, во главниот град Багдад има најмалку 200 лиценцирани продавници кои продаваат алкохолни пијалоци.