Иран и Оман размислуваат за воведување надоместоци за пловидба низ Ормутскиот Теснец

Иран и Оман размислуваат за систем на надоместоци за пловидба низ Ормутскиот Теснец, пишува Блумберг. Иран и Оман разгледуваат воспоставување постојан систем на надоместоци кој би го регулирал и финансирал поморскиот сообраќај во Ормутскиот Теснец, со потенцијално зајакнување на контролата врз еден од најважните светски енергетски правци.

Ова го објави на 21 мај иранскиот амбасадор во Франција, Мохамад Амин-Неџад, наведувајќи дека е потребно да се „мобилизираат сите ресурси со цел да се обезбеди безбедност и најефикасно управување со морскиот сообраќај“, пренесува Блумберг.

Тој истакна дека одржувањето на таков систем подразбира значителни трошоци и дека, според него, дел од финансискиот товар треба да го сносат државите и компаниите кои имаат корист од преминувањето на бродовите. Додаде дека системот ќе биде транспарентен и достапен за сите учесници.

Во меѓувреме, Блумберг  објави анализа дека затворањето на Ормутскиот теснец до август би можело значително да го зголеми ризикот од глобална рецесија, потенцијално споредлива со финансиската криза од 2008 година.