Иран и Русија официјално престанаа да користат SWIFT за меѓусебни трансакции

24

Иран и Русија официјално престанаа да го користат системот SWIFT за директни меѓубанкарски трансфери, објави вчера заменик-шефот на Централната банка на Иран (ЦБИ) Мохсен Карими.

Тој изјави дека на компаниите од двете земји им е овозможено да тргуваат во националните валути, наместо да користат долар или евро.

„На банките на нашите две земји повеќе не им е потребна Швајцарија за да комуницираат меѓу себе и комерцијалните банки на двете земји можат да воспостават меѓусебни брокерски односи. Иранскиот извозник сега може да ја наплати руската страна во риали и да добива пари од нив преку руските банки во Иран “, изјави Карими, истакнувајќи дека системот овозможува плаќање и во руски рубљи, пренесува RT.