Иран и Русија заеднички ќе извезуваат гас во Оман и Пакистан

79

Иранскиот министер за нафта Џавад Овџи изјави дека Иран планира заедно со Русија да спроведе проект за извоз на гас во Оман и Пакистан.

Иран планира заедно со Русија да спроведе проект за извоз на гас во Оман и Пакистан, изјави  иранскиот министер за нафта Џавад Овџи, пренесе иранската новинска агенција Тасним.

„Со оглед на преговорите со руската државна корпорација Газпром и склучениот меморандум со неа, беше одлучено… да се реализира проектот за снабдување гас на Оман и Пакистан заедно (со Русија)“, рече тој, пренесува Тасс, повикувајќи се на Агенцијата Тасним.