Иран и Сирија ќе основаат заедничка банка

55

Иран и Сирија најавија создавање заедничка банка, објави иранската новинска агенција ИРНА, цитирајќи го иранскиот министер за патишта и урбанизам Ростам Гасеми.

„Техеран и Дамаск одлучија да основаат заедничка банка“, рече министерот Гасеми кој е во посета на Сирија, на средба со претседателот Башар ал Асад.

Тој рече дека разговарале со Асад за состојбата на сириската економија и предизвиците со кои се соочуваат иранско-сириските економски врски.

Одлуката за основање на банката е донесена на средба со сирискиот министер за надворешни работи и мигранти Фајсал Микдад.

Во двете земји ќе се формираат канцеларии на банката.