Иран купува 80 Boeing авиони за 16,6 милијарди долари

20

iranair

IranAir, националната иранска авиокомпанија, соопшти дека склучила договор за купување на 80 патнички авиони од американскиот произведувач Boeing, јавува Ројтерс.

Вредноста на договорот е 16,6 милијарди долари.

Авионите – 50 од моделот 737 и 30 од моделот 777, ќе бидат доставени во наредните 10 години, прецизира директорот на авиокомпанијата Фарад Парвареш.