Иран: Во последните 24 часа, 15 бродови поминаа низ Ормутскиот теснец

Иранската новинска агенција Фарс објави дека 15 бродови поминале низ Ормутскиот теснец во последните 24 часа, со одобрение од Иран.
Агенцијата, поврзана со Иранската револуционерна гарда, наведува дека сообраќајот е сè уште за околу 90 проценти помал отколку пред почетокот на војната.

Иранските власти тврдат дека Ормутскиот теснец не е целосно затворен, туку дека е ограничен на „непријателски земји“.

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, постојано повторуваше дека сообраќајот се одвива селективно, а Иран претходно објави дека Ирак има исклучок и може да го користи овој клучен поморски пат.

Иранските власти, исто така, размислуваат за воведување такси за премин низ теснецот. Советник од кабинетот на претседателот изјави дека Ормутскиот теснец би можел целосно да се отвори кога дел од приходите од транзит ќе почнат да се користат за компензација на штетата предизвикана во војната.