Почетна Новости Европа Ирска од следната година ги намалува даноците и ќе ги зголеми пензиите

Ирска од следната година ги намалува даноците и ќе ги зголеми пензиите

34

Ирска ќе ги намали даноците, ќе ги зголеми пензиите и детскиот додаток во 2022 година и ќе обезбеди ваучери за плаќање сметки за електрична енергија и гас за да им помогне на граѓаните да ги поднесат повисоките трошоци за живот.

Даблин, исто така, ќе ја продолжи програмата за субвенционирање плати до вториот квартал.

Министрите досега изјавија дека програмата ќе биде продолжена до следната година, но не прецизирано кога точно ќе биде укината, пишува Ројтерс.