Ирската нискобуџетна компанија Ryanair заинтересирана за Cyprus Airways

3

Ryanair Press Conference

Ирскиот нискобуџетен авио превозник Ryanair е заинтересиран за Cyprus Airways и најверојатно наскоро ќе достави необвзувачка понуда.

Кон средината на овој месец, кипарската влада ги покани сите заинтересирани инвеститори да испратат необврзувачки понуди за државниот удел во авио компанијата која се соочува со сериозни финансиски компликации. Рокот за поднесување на необврзувачките понуди истекува денеска.

“Најверојатно нашата компанија ќе пројави интерес за Cyprus Airways. Сакаме да видиме дали ќе може да и помогнеме на владата во изготвување на спасувачки пакет за превозникот, иако можеби веќе е доцна“, вели Мајкл О’Лиари, извршен директор на Ryanair.