Искачување на Монт Еверест за 130.000 долари со личен фотограф и сопствен бар во базниот камп

32

“Покривот на светот“ или Монт Еверест претставува голем предизвик на алпинистите и за сите вљубеници во планинарењето. Најчесто експедициите изнајмуваат комерцијални водичи и за тоа ги плаќаа од 60.000 до 65.000 долари.

Но, компанијата Seven Summit Treks, во својата понуда има пакет VVIP Mount Everest, што чини 130.000 долари по лице, пишува Business Insider.

Во таа цена е вклучена вечера за добредојде, престој во хотел со пет ѕвезди, приватна пекара и бар во базниот камп, лична кујна, туш и шатори – тоалети во базниот камп, три оброци, неограничена количина на кафе и чај, користење на приватен хеликоптер и личен фотограф.

Во пакетот не се вклучени меѓународни летови за и од Непал, потребната опрема за искачување и слично.

Локалните експедиции на Непал чинат околу 35.000 долари.