Искористена салфетка на продажба за 2.600 евра

43

Napkin With Lipstick Imprint Of Margaret Thatcher For $3,000Салфетка со отпечаток од карминот на поранешната премиерка на Велика Британија, Маргерет Тачер, која ја искористила кога престојувала во еден луксузен хотел во САД, се продава на аукција.

Веб страната Picolleta која е наменета за колекционери, ја стави оваа салфетка од хотелот Pfister во Висконсин на продажба за 2.600 евра.

На неа јасно се гледа отпечатокот од кармин на една од најмаркантните фигури во политиката. Во една прилика поранешниот претседател на Франција, Франсоа Митеран, за Тачер изјави дека има очи како Калигула, а усни како Мерилин Монро.

luksuz-fancy-aukcija-salveta-margaret-tacer_99

Позната како Iron Lady или Челичната Дама, таа беше на чело на британската влада од 1979 до 1990 година. Во хотелот Pfister Тачер престојуваше во 2000 година.

Шише шампањ со потпис на премиерката е продадено за 60.600 евра, додека нејзината чанта достигна цена од  87.600 евра.