Фото: Pixabay
Исланд ја доби првата електрана којшто елиминира повеќе јаглерод диоксид (CO2) отколку што може да произведе, пишува Inhabitat. Пилот програмата, дело на компанијата Climeworks, може да отстрани приближно 50 метрички тони CO2 од воздухот секоја година. Гасовите не се задржуваат, туку се претвораат во варовник којшто ќе остане во таква форма најмалку милион години.
Ова е овозможено благодарение на патентираниот филтер на Climeworks којшто го собира CO2 од воздухот. Геотермалната електрана потоа го загрева филтерот користејќи топлина со низок степен со што се извлекува чист јаглерод диоксид. Гасовите потоа се врзуваат со вода и се праќаат 700 метри под земја.
Научниците од Climeworks велат дека слични вакви електрани можат да бидат поставени насекаде во светот. Една од потешкотиите за изведување на тоа е високата цена на процесот – според проценките на Climeworks отстранување на само еден тон CO2 од воздухот би чинело 600 долари.
До крајот на годинава електраната се очекува да елиминира 900 тони јаглерод диоксид.