Исланд влегува во трка да привлекува дигитални номади

31

Исланд со нови мерки ќе им овозможува на странски државјани да престојуваат до шест месеци и да работат на далечина.

Исто така, на странските државјани ќе им биде дозволено да поднесат барање за долгорочна виза на Исланд и да го донесат своето семејство.

По пандемијата, многу компании ширум светот направија значајни промени во начинот на работа и сега дозволуваат и ги поттикнуваат вработените да работат од далечина. Поради тоа, вработените може да изберат да работат како дигитални номади односно од дома без оглед на тоа во која земја се наоѓаат.

Претходно, Исланд дозволуваше престој до само 90 дена, а сега е продолжен престојот до шест месеци. За да се дозволи подолг престој, лицето мора да докаже дека е во работен однос, доходот што го остварува и здравственото осигурување што го плаќа.

Фото: Freepik