Исланд воведува комерцијална испорака со дронови

49

da

Фото: Youtube

Рекјавик, главниот град на Исланд, ќе биде првиот во светот каде ќе се вршат комерцијални испораки со дронови, пишува New Atlas.

Цивилното воздухопловство на Исланд издаде дозвола за летање на дронови на компанијата Flytrex и на најголемата компанија за онлајн продажба Aha. Исланд има повеќе тешко достапни планински места што ја прават копнената испорака прилично бавна и отежната.

Дронот што ќе ги врши испораките е наречен Mule и истиот ќе може да пренесе товар од 2,9 килограми на далечина од 10 километри. Mule ќе лета преку два дела на градот коишто се одвоени со река и на тој начин ќе заштеди време. Досега за ваквиот тип на испорака беа потребни 25 минути, но како што велат од Aha, со воведување на дронот тоа ќе се намали на само четири минути. Според компанијата, освен време, ќе се намалат и трошоците за испорака за 60%.

Услугата е веќе достапна во Рекјавик и засега испораката со дрон ќе се одвива паралелно со возилата на Aha. Во иднина, компаниите се надеваат дека ќе вршат испораки низ целата земја до самите домови на корисниците.