Испечатена 3D роботска рака ќе преведува текст на знаковен јазик

105

untitled

Фото: Youtube

Тим истражувачи од Белгија има план да создаде печатен роботски преведувач на знаковен јазик, пишува New Atlas. Првата верзија од таканаречениот проект Aslan е 3D печатена рака што може да преведе текст со гестикулација на прстите. Сепак, крајна цел на тимот е да создаде робот со две раце и лик што ќе прави фацијални експресии за што подобро да се долови знаковниот јазик.

Проектот е дизајниран да преведува текст или говор во знаковен јазик. Роботската рака е поврзана за компјутер којшто комуницира со мрежа преку којашто корисниците ќе можат да се поврзат и користи алфабетски систем каде што секоја буква се создава со посебна гестикулација.

Роботската рака е направена од 25 3D печатени пластични делови од печатач, 16 серво мотори, три моторни контролори, Arduino Due микрокомпјутер и уште неколку електронски делови. За да се испечатат пластичните делови потребни се 139, а за финалната изработка на роботот уште дополнителни 10 часа.

Тимот, исто така, работи на преведување на говор во знаковен јазик и користи камера за да детектира експресии на лицето преку коишто роботот ќе учи нови гестикулации.