Испланирајте го патувањето – Google знае кога ќе пораснат цените на летовите

21

557_Google Flight Search Europe

Изнаоѓањето на најдобриот или најповолниот лет веројатно е најстресниот дел од планирањето на годишниот одмор или службено патување, а целата ситуација може да ја отежни и грижата околу промената на цената, пишува Telegraph.

Google одлучи барем малку да ги скрати тие грижи така што својот сервис Google Flights го збогати со опцијата што ќе ве извести кога моменталната цена ќе се промени и колку треба да доплатите доколку се одлучите да почекате. Известувањето може да го добиете преку електронска пошта.

Пребарувањето на летови е подобрено така што ќе може да се пронајде најдобра понуда кон некоја дестинација ако немате фиксен лет и ќе понуди алтернативни аеродроми или датуми за лет за поголема заштеда.