Исплата на субвенции за откупен тутун на 3.504 кооперанти

22

На 3.504 кооперанти на Сокотаб – Битола и Алајанс Уан – Кавадарци ќе им се исплатат субвенциите за откупен тутун од реколтата 2013 година, информираат од Министерството за финансии.

Ресорното министерство исплати 88,9 милиони денари за откупниот период од 27 февруари до 15 март оваа година, односно за време на претседателските и парламентарните избори, кога беше сопрена исплатата на субвенции поради одредбите од Изборниот законик.