Исплата од ‘Мој ДДВ’ до крајот на ноември

Исплатата на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за последниот квартал ќе биде реализирана најдоцна до крајот на ноември, информираат надлежните институции. Во наредните денови се очекува граѓаните кои редовно ги скенираат фискалните сметки преку апликацијата да ги добијат повратните средства директно на своите трансакциски сметки.

Станува збор за парите акумулирани од скенираните сметки во периодот јули–септември, кои согласно правилата се исплаќаат 60 дена по завршување на кварталот.

Најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата се:
– Погрешно внесена трансакциска сметка
-Внесена трансакциска сметка на друго лице
– Наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка
-Внесена трансакциска сметка која не постои или е згасната